ВМРО-ДПМНЕ: На лагите на Арсовска дека не должи на приватните превозници им дојде крајот

Од:

Данела Арсовска ја замајуваше јавноста и лажеше дека нема долг на ЈСП кон приватните превозници, а потоа откако ја тужеа, долгот се плати и со судска пресуда се констатираше дека има и долг за затезни камати и судски трошоци. Во судската пресуда, се констатира долг на ЈСП од над еден милион евра кон приватните превозници и дека тој долг Данела Арсовска, на рати го исплаќала кон приватниците. Во судскиот документ се пресудува и дополнително исплаќање на затезни камати, казни и судски трошоци, во износ од еден и пол милион денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– После ова, се разобличија сите лажни тврдења на Арсовска, дека не им должи на приватните превозници, по што граѓаните на Град Скопје со месеци беа блокирани, се случуваше хаос во градот, а градскиот превоз тотално крахираше. Данела Арсовска, да не се крие, бидејќи е должна пред скопјани, да се извини и да одговори:
Зошто свесно лажеше за долгот кон приватните превозници? Зошто со своите постапки, директно дозволи да се блокира Скопје со месеци? Зошто го оптовари градскиот буџет, за плус милион и пол денари, кои сега треба да ги платат граѓаните – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ