ВМРО-ДПМНЕ: На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

Од:

„На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет.

Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја. Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.

Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.

Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.
СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина