ВМРО-ДПМНЕ: На Дамјановски нема да му помогне поторувањето на исти проекти и ветувања

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешните ветивања од кандидатот за градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски истакнува дека  неговото ветување за изградба на базен е од пред четири години и оти зад себе во два градоначалнички мандати оставил нереализирани проекти.

– По којзнае кој пат, Зоран Дамјановски ветува базен во Куманово. Со базенот не е ни до половина со изградбата, а го вети пред 4 години. Лажните ветувања и нереализирани проекти се впрочем најдобар симбол за неговите два изминати мандати. Повторувањата на истите проекти и ветувања од последните локални избори, овојпат нема да му помогнат и граѓаните ќе го казнат во вториот круг гласање, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на Дамјановски „сега во кампањата му текнало дека не  реализирал ништо за граѓаните на Куманово, па почнал поторно да ветува исти работи.

– Граѓаните ќе го казнат Дамјановски за лагите дека ќе изгради базен во Куманово, ќе го казнат за дивите депонии кои се појавија во центарот на градот, за долговите кои ги направи во јавните претпријатија, за партизацијата во локалната администрација, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември