ВМРО-ДПМНЕ: МВР раководено од Јанкулоска е целосно реформирано

Од:

Министерството за внатрешни работи е целосно реформирано и има расчистено со методите кои се користеа во едноумието, а кои СДСМ уште долго потоа ги злоупотребуваше. Денес во сите параметри МВР функционира поуспешно од времето кога ова министерство беше само продолжена рака на партијата СДСМ, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски се вели дека таа можеби не може да го препознае МВР, затоа што, како што се наведува, со него не раководат кадри какви што своевремено СДСМ поставуваше за министри.

– Во време на СДСМ, ниту се набавуваа возила за полицијата, ниту се набавуваше униформа, нова полициска опрема и други потребни средства. Во време на СДСМ се набавуваа само скапи уметнички слики. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ продолжува да критикува по секоја цена и секој ден измислуваат нешто за кое неаргументирано критикуваат, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека партиската заслепеност на Ташевска Ременски не и дава да ги види реалните факти.

– Македонската полиција изминативе години целосно се реформираше и се доближи на европските стандарди. За тоа говорат извештаите на Европската Комисија кои секоја година по ред бележат напредок во сферата на Министерството за внатрешни работи. Дополнително, за реформите и напредокот говори и последниот извештај на ОБСЕ кој го правеше Агенцијата Рејтинг, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ