ВМРО-ДПМНЕ: Музејот на македонска борба и неговата содржина се нераскинлив дел од македонската меморија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на одлуката на министерството за култура да ја преиспитува оправданоста за постоење на Музејот на македонската борба.

„СДСМ во минатото, а и сега покажува дека не само што не се грижи за македонското културно наследство, традиција и историја, туку и дека е спремна со истите да тргува.

Формирањето на работна група за проценка за потребата од постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим е погазување на илјадниците херои, кои без размислување ги дадоа своите животи за слободна и независна држава.

Во Работната група, согласно нивните стручни компетенции, нема ниеден член кој е посебно стручен за проценка на историски музеј, кој третира содржина од 19 и 20 век.

ВМРО-ДПМНЕ прашува според кој закон, правилник или други општи акти поврзани со дејноста од културата и заштита на културното наследство е формирана Работна група за преиспитување на општествената и стручна оправданост за постоењето на овој музеј.

Наместо уништување, граѓаните од СДСМ очекуваат да почне со спроведување на реформите и проектите кои ги вети, а кои не ни почнале да ги реализираат. Граѓаните се разочарани и безнадежни. СДСМ ја зароби државата, а граѓаните и економијата се жртва на неспособноста која се обидуваат да ја прикриваат со деструкција.

Доколку СДСМ не ја гледа причината за постоење, ние ќе им појасниме:

– Музејот на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим е институција која го отсликува периодот на македонско национално будење, формирањето на македонската револуционерна организација, меѓу воениот период, антифашистичкото движење и периодот на прогон на Македонците со јасно изразена македонска мисла, во периодот по Втората Светска Војна. Овој музеј е споменик за сеќавање на илјадниците млади и прерано згаснати животи, кои своето дело го положиле на олтарот на татковината.
– Музејот е потсетување на ѕверствата и тортурата кои биле вршени врз македонските интелектуалци и родољуби после Втората Светска Војна. Кои се одраз на едно недемократско уредување, кога секој со јасна македонска мисла беше цел на тортура од системот.
– Музејот служи за запознавање, едукација и образување на идните генерации, за историјата на државата и мачниот пат до независноста.

Како генерација Македонци, сме должни да им одадеме должна почит, на сите великани кои учествувале и дале свој придонес за Република Македонија каква што е денес, слободна и независна.

ВМРО-ДПМНЕ апелира дека музејот и неговата содржина се нераскинлив дел од македонската национална меморија. СДСМ не смее да си поигрува со македонската историја, култура и традиција. Уште еднаш порачуваме дека се што ќе биде урнато, срушено или уништено од оваа власт, по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт повторно ќе биде обновено.

Сите претставници на власта, кои сега се чувствуваат охрабрени од моменталната манифестација на власт, и не ги почитуваат законите, мора да знаат дека со враќањето на правната држава и демократијата ќе одговараат за своите дејствија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ