ВМРО-ДПМНЕ: Мозаикот од коцка естетски ќе ја надополни целината на плоштад „Македонија“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

СДСМ, констатираат, продолжува со својата безидејна политика и со концептот на рушење, наспроти концептот поддржан од граѓаните за градење и создавање дела и вредности,ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, во врска со иницијативата за враќање на коцката на централниот плоштад во Скопје.

Очигледно е, велат од ВМРО-ДПМНЕ, дека СДСМ е затворен во своите теснопартиски погледи и чувството на фрустрација, кои се гледале во секој настап на секоја тема на функционерите од оваа партија.

„Мозаикот од коцка за која говори Манчевски е во насока на естетско надополнување на целината на плоштадот Македонија и токму ваквите и слични проекти кои ги градиме, а на кои СДСМ секогаш се противи, на Градот Скопје му донесоа дуплирање на бројот на туристите, раст на градежништвото и развој на 26 гранки поврзани со него, поддршка на економијата и нови работни места”, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми