ВМРО-ДПМНЕ: Молк од институциите за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку ОТА

Од:

Молк од надлежните институции за скандалот за набавка на средства за следење на комуникациите преку Оперативната техничка агенција. Владата на СДС и ДУИ злоуптребувајќи ги механизмите за следење на комуникациите сакаат да нарушат националната безбедност и безбедноста на над два милиони граѓани велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој сомнеж доаѓа откако на 15-тата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите утврди сериозен сомнеж дека Оперативно техничката агенција го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите. Имено ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите, оваа набавка е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 од истиот член од Законот за следење на комуникациите. Сомнежот е дека оваа набака може да биде злоупотребена за нарушување на безбедноста на граѓаните на Република Македонија, како и повреда на човековите права и слободи на граѓаните кои се утврдени во Уставот на државата. За оваа набавка на ОТА, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите преку заклучен изгласан на комисијата го извести и Јавниот обвинител. На повидок е скандал од најголеми размери, и за тоа бараме веднаш и брза постапка од надлежните институции, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус