ВМРО-ДПМНЕ: Молк од ДУИ и СДС за сомнителните тендери поврзани со Димитар Ковачевски

Од:

Целосен молк од страна на владата на ДУИ и СДС за сомнителните тендери, кои директно се поврзани со Димитар Ковачевски, каде што фирмата Аитоникс за 3 години добила над 40 милиони евра. Во рок од 3 години, во два посебни тендери криминалната влада на ДУИ и СДС добила фирмата Аитоникс на Марко Андонов, тендер за софтверски лиценци. Лицето Марко Андонов, кој е претседател на одборот на директори на фирмата Аитоникс е колега на приватен факултет токму на Димитар Ковачевски, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема одговор од СДС дали блискоста на Ковачевски и Андонов е најголемата причина за добивање на тендерите токму на оваа фирма. Нема ни одговори зошто првиот тендер вреди 15 милиони евра, а три години потоа во 2023 година истиот тендер вреди 10 милиони евра повеќе или 25 милиони евра. ДУИ и СДС наместо да делат криминални тендери на лица блиски до нив, можеа да го решат проблемот за 15 години на над 40 илијади дијабетичари во Македонија за кои за терпија годишно трошат над 250 илијади евра. Наместо 40 милиони евра за криминален тендер за софтвери, владата можеше за неколку години да го реши проблемот на болните од цестична фиброза со набавка на лекот трикафта. Македонија тоне во криминал, секој ден нов криминален тендер, секој ден граѓаните се посиромашни а власта мува не ја лази и бара начин како да украде некој денар повеќе. Одговорност за секој криминален тендер, за секој криминал и за секое уназадување на државата ќе има“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани