ВМРО-ДПМНЕ: Младите се свесни дека Богоев ги излажа и никогаш повеќе нема да му веруваат

Од:

Ангелина Васовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Богоев се што кажал излажал и дека ги изманипулирал младите ветувајќи им се и сешто.

– Богоев пред парламентарните избори минатата година ветуваше темелна реконструкција на постоечките студентските домови, за со самото доаѓање на власт да скратат цели 155 милиони денари од буџетот за изградба и реконструкција на студентски домови. СДС вети, СДС излажа. Богоев вети, Богоев излажа. Младите видоа дека Богоев само ги манипулирал. Младите никогаш веќе нема да им веруваат на лагите на Богоев и неговите сопартијци, рече Васовска.

Таа додаде дека Богоев ветувал и студентски кампус во рамки на Стив Наумов, како целосно нова зграда со 700 нови легла, а нова зграда нема, не е ни почната, а владата на СДСМ скратила и цели 155 милиони денари од буџетот наменет за изградба на студентски домови.

– Денес го гледаме размазаниот Богоев како ветува нови фитнес зони во Карпош и голема реконструкција на сите игралипшта кој се наоѓаат во општина Карпош. Повторно брда и долини од устата на Стефан Богоев. Омилено ветување му е реконструкција на игралиштето Сокол, но карпошани се свесни дека нема да има ништо од ова ветување. Го слушаме Боегоев како ветува и зелени површини во секое маало. Но и ова е една од многуте лаги кои размазаниот Боегоев нема поима како ќе ги реализира, рече Васовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче