А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија

by А1он16/12/2018 - 09:53119
Share0

„Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт.

Добивај вести на вибер

Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.

Месечно амбасадата на Сојузна Република Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 – 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата.

Црнилата кои ги предизвика оваа власт само за првите 10 месеци од годинава резултираа со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училиште, а како основа е наведено трајно иселување од државата. За истиот период од кочанските училишта се испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен.

Економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.

Зацрнетата економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен