ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за финансии веќе 5 дена нема објавено извештај за дневни трошења

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение реакција на реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Делев.

„Граѓаните ја почувствуваа на својот грб некадарната економска политика на СДС.

Владата на СДС за 3 месеци успеа од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии да стопи 334 милиони евра.

Министерството за финансии има законска обврска од денот на распишување на изборите до нивно завршување на интернет страницата на министерството да ги објавува сите буџетски трошења.

Министерството за финансии веќе 5 дена нема објавено извештај за дневни трошења од буџетот и со тоа директно го крши член 8-а, ст.3 од Изборниот Законик.

Владата на Заев со овој потег грубо го крши Изборниот Законик, и остава сомнеж дека со парите на граѓаните прави предизборна корупција.

Власта на Заев нема да трае вечно. Со неговото заминување, ќе се врати и правната држава“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?