ВМРО-ДПМНЕ: Милионските тендери, зделките и криминалните рекети ја донесоа државата на дното на Европа

Од:

„СДСМ и Зоран Заев го промовираат и штитат криминалот и корупција. Милионските тендери, зделките и криминалните рекети ја донесоа државата на дното на Европа. Според индексот на корупција на исто место сме со Монголија и со Брегот на Слоновата Коска. Со пад од 13 места на лустата на Транспаренси се потврди дека корупцијата блеска во Македонија.

Македонија е земја каде правдата е тоа што ќе рече Заев, како и во секој хибриден режим. Деструктивните политики коишто ги направи Заев на грбот на народот не не однесоа напред. сидрото на лажните ветувања не однесе на дното на неправдата и недемократијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жицата на којашто Заев се колнеше блескаво пукна, како што распука судството од невидени криминални афери, поткупи, уцени и нарачани обвиненија за неистомислениците на СДСМ.

СДСМ во мандатот успеаја да остават 500.000 луѓе во Македонија да живеат под прагот на сиромаштија, понижени земјоделци, студентски стандард под нормалата, обезличување на македонскиот народ.

Заев наместо да спроведува реформи е промотор на најголемата партизација во Македонија. Нема институција што не ја зафати политизацијата, а се вработуваа цели семејства на функционерите на СДСМ.

СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени.

Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски