ВМРО-ДПМНЕ: Медот ја лепи коалицијата СДС, ДУИ, Левица и Арсовска – го изгласаа неразвојниот буџет за нова изгубена година

Од:

Веќе не е ни новост тоа што СДС, ДУИ и Левица се во коалиција во Советот на Град Скопје. Нивната соработка и нивната поддршка на Арсовска се потврди повторно со гласањето на буџетот на Градот на Скопје, буџет кој е неразвоен, со кој се укинуваат капиталните инвестиции и се намалуваат субвенциите. Овој буџет е најлошиот буџет кој го имал Градот и освен пари за сомнителни тендери не нуди ништо за граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС, ДУИ и Левица со гласањето на буџетот на Арсовска Данела си овозможија тегла со мед, во која ќе ги брцаат рацете. Единствено добро во целата ситуација е што сите граѓани можат јасно да ја видат оваа коалиција која освен што се лепи со многу мед, меѓусебно се привлекува и со непринципиелноста и меракот за матни бизниси. Арсовска во СДС, ДУИ и Левица си најде сродни души, кои како попчиња и го гласат буџетот за новата изгубена година“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ