ВМРО-ДПМНЕ: Машините набавени од Битола и Велес се најсовремени, ако тоа е криминал, тогаш зошто СДС молчи за Центар и Струмица кои набавија исти такви машини

Од:

Набавката на машините за бележење на хоризонтална сигнализација во општините Битола и Велес е според сите законски норми и прописи. Машините се произведени од најреномираната фирма во областа GRACO од САД, и истите се најдобри во својата област.Дезинформација е дека за 2.950.000 денари е набавена една машина. Вистината е дека се набавени две машини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Постапката на јавната набавка е извршена во согласност со ЗЈН и договорот е доделен на фирмата која ги задоволила потребните технички критериуми и останати услови предвидени во тендерската постапка. На јавната набавка во Битола не се јавила фирмата JUNDA Made in China, но и да се јавела немало да и биде доделен договор, бидејќи истата не е со сопствен погон (односно самоодна, параметар што исто така е важен и секако ја зголемува цената на чинење, но и тој за жал е предмет на потсмев и манипулација).

Чудно е зошто СДС нема прес конференција и за општина Центар и Струмица кои исто така имаат набавено машини од истиот производител. Ако тоа е криминал, тогаш треба да реагираат и за овие општини, каде градоначалниците се од нивната партија. Машини од истиот производител имаат набавено и голем број приватни субјекти во Македонија, ако истите биле лоши, тие немачо да ги набават. СДС е деструктивна и манипулативна. Извртува и лаже. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми