ВМРО-ДПМНЕ: Марин има потрошено нула денари за заштита на животната средина

Од:

Златко Марин безобразно ги лаже аеродромци. Предизборните ветувања останаа да сведочат за неспособноста, лагите и манипулациите на градоначалникот на општина Аеродром, рече Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

– На последната седница на Советот на општина Аеродром од страна на градоначалникот беше предложен квартален извештај за реализација на буџетот на општината, за вториот квартал од 2018 година. Бројките во извештајот се катастрофални. Имено, од вкупно 233.847.000 денари, за капитални инвестиции се реализирани само 32.120.000 денари, или помалку од 14%, што претставува катастрофална реализација и историски најлоша реализација на капитални инвестиции во општина Аеродром. Гледајќи ги бројките, воопшто не е за чудење зошто општина Аеродром буквално се распаѓа. Уште позагрижувачки се бројките за реализација на делот од буџетот од програмата за ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА. Иако Марин од петни жили се трудеше да ги излаже аеродромци дека прв приоритет ќе му биде заштитата на животната средина, оваа година за таа намена има потрошено, верувале или не, 0 денари. Повторувам, НУЛА денари за заштита на животната средина, рече Митески.

Како што кажа тој, од вкупно 19.700.000 денари колку се предвидени во буџетот на Аеродром, градоначалникот на Аеродром не потрошил ниту еден денар.

– Е тоа се вика домаќинско работење. Со вакви бројки, загадувањето може само да расте, општината да се уништува, а условите за живот никако не се подобруваат. Но не е се така црно. Иако има нула денари реализација за заштита на животната средина, советничката група на СДСМ на последната седница на совет, на предлог на градоначалникот Марин усвои изменување на годишниот план за вработување во општина Аеродром и предвивува 19 нови вработувања, за што ќе потроши околу 2.500.000 денари. Случајно или не, и овие вработувања се поклопуваат со најавените 6000 вработувања пред референдумот на 30 септември. Споредено, нула денари за заштита на животна средина и 2.500.000 денари за вработувања на партиски активисти. Ете вака работи СДСМ, на дело и со бројки. Златко Марин секојдневно докажува дека е убедливо најнеспособниот градоначалник на Аеродром, рече Митески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он