ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски нема никаква контрола во министерството

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерот Дамјан Манчевски.

„Скандалозниот министер Дамјан Манчевски е во агонија!

Реформите во државната и јавна администрација ја очекуваме да ја започнете повеќе од 18 месеци и не ви успева, бидејки немате еден ден работно искуство во администрација и претпоставуваме дека ви треба време да ги прочитате законите кои не ги почитувате.

За 18 месеци би требало да сфатите дека во Република Македонија законите ги менува Собранието на Република Македонија, не вие Дамјан Манчевски, незаконски и произволно да потпишувате согласности и истовремено да ги втурнувате во безаконие Министерството за финансии и Агенција за администрација.

Доколку потпишавте незаконски согласности за годишни планови за вработување за 2018 година, чуму илјадници договори на определено работно време за кои не ви е потребен годишен план?

Очигледно станува дека вие немате никаква контрола во министерството, уште помалку во останатите институции.

Министерот Дамјан Манчевски по трет пат, но сега го замолуваме, во интерес на граѓаните и даночните обврзници, одговорете на прашањата кои неколку дена ви ги поставуваме, со конкретни одговори и ве молиме да не брзате со одговорите и да не ги лажете граѓаните и даночните обврзници, во првото соопштението сте вработиле 3078 луѓе додека денес се намали бројката на 2543 луѓе.

Полугодишниот извештај нека ви биде последно министерско дело и убедени сме дека ќе се охрабрите и нема повеќе да се срамите пред граѓаните и ќе си поднесете неотповиклива оставка“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он