ВМРО-ДПМНЕ: Македонија за 2018 година бележи пад од 27 места на скалата за иновативност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешните изјави на премиерот Зоран Заев.

„СДСМ нема направено ниту една мерка од корист за граѓаните. Повеќе од една година економијата тоне, а бизнисите преживуваат.

Македонија за 2018 година бележи пад од катастрофални 27 места на скалата за иновативност, според Светската организација за мерење на иновативност. Ова е уште еден показател за неспособноста на владата на СДСМ.

Ниту Заев, ниту СДСМ немаат визија за тоа како да ја водат државата, тие немаат ронка инвентивност и иновативност, ниту пак проекти и план како Македонија да ја движат напред. Во очајнички обид чекајќи решенијата на проблемите со кои се соочуваат граѓаните да им паднат од небо, вршат предавства на сопствената држава на сите страни.

Во најмала рака за владата на СДСМ е срамно да говори за иновации кога под нивно водство државата е последна во регионот и по падот од 27 места за една година сега се најде на 84 место во светот, а Македонија ја поминаа сите нејзини соседи.

Државата не може да напредува и да се води со наместени тендери, за роднини, пријатели и партиски послушници, државата не може да се води без визија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?