А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија веќе една година е во исчекување на животот кој го ветуваше Заев

by А1он27/08/2018 - 09:2027/08/2018 - 09:22170
Share0

СДСМ удри на крадење на максимум, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Македонија веќе една година е во исчекување на животот кој го ветуваше Зоран Заев. Наместо живот граѓаните добија чемер и јад. Осиромашување од досега невидени размери, колабирано здравство, економија која тоне и правосудство кое наместо на граѓаните и служи на власта.

Расипништвото на власта достигнува нови размери со милионите кои се планирани да се потрошат за најскапата анкета во историјата на Македонија, консултативниот референдум за промена на уставното име на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има предлог кој ќе стави крај на расипништвото на владата на СДСМ. Планираните 1 милион и 300 илјади евра СДСМ наместо да ги фрли во вода за промовирање на капитулантскиот договор од Преспа да се пренаменат за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

Учениците во Тетово заслужуваат школската година да ја започнат како своите врсници со достојни услови и мотивација за нови успеси во ново училиште.

На расипништвото на СДСМ мора да му се стави крај. Инверзијата на вредности која ја промовира СДСМ нема да донесе ништо позитивно за обичниот граѓанин, капитулантскиот договор со Грција не може да биде ништо поразлично од тоа што е, капитулација и распродажба на националните и државните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ понатаму предлага планираните 670 илјади евра за хортикултура да се искористат за изградба на социјални станови за групата на социјално загрозените граѓани кои своето секојдневие го поминуваат во недостојни услови.

Македонија мора да се врати на вистинската патека. Патека на просперитет, добробит за сите граѓани, здрава економија и социјален систем, а за ова да се случи Зоран Заев и неговата клапа мора да си заминат во политичката историја на Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен