ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема напредок во шесте клучни кластери

Од:

Извештајот на Европската Комисија покажува дека владата не е фокусирана на реформи, туку е фокусирана на криминал и корупција. Впрочем Извештајот покажува дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Европската Комисија забележува за нејасни економски мерки и потези, суштински реформи во администрацијата, потреба од зајакнување на капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби, злоупотребата на европскотто знаменце и ограничувањето на институтот пратенички прашања во Собранието, истите препораки за борба против корупција

Владата дури не ги зела предвид ниту нотираните забелешки од извештаите од 2020 и 2021 година. Тоа ја покажува целата непосветеност и неодговорност на власта на Ковачевски.

Во 6-те клучни кластери, Македонија нема подобра оценка од претходните години во НИТУ ЕДЕН од нив. Ова покажува дека оваа власт предовдена од дезертерот Ковачевски единствено е ангажирана во креирање на картели, местење на тендери и делење на државни бизниси на свои блиски фирми. На тој начин тие лично се богатат а перспективата на граѓаните ја уништуваат. За доброто на Македонија и на народот е оваа власт поскоро да замине“ додаваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми