А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да се надева на членство во ЕУ и НАТО со правосудство кое работи според директиви на Заев

by А1он30/07/2018 - 20:27178
Share0

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Македонија не може да се врати на евроатланскиот пат, и да се надева на членство во ЕУ и НАТО, со правосудство кое работи според директиви на Зоран Заев и СДСМ. Македонија не може да стане дел од ЕУ и НАТО со коруптивни тендери и грантови, тешки неверојатни 45 милиони евра, кои служат за исплата на партиските послушници, медиуми, владини и партиски функционери на СДСМ. Суд и обвинителство кои наместо да се борат со криминалот, амнестираат функционери на СДСМ за сторен криминал не се во согласност со европските вредности.

Заев повторно ги излажа граѓаните. Ветуваше референдум кој ќе биде задолжителен, а сега предложи и изгласа консултативен референдум. Заев и СДСМ се обидуваат да ги манипулираат граѓаните со нејасно и двосмислено прашање кое е спротивно на членот 15 од Законот за референдум. На тој начин само креираат дополнителна конфузија меѓу граѓаните. Доколку договорот со Грција беше добар и поволен за Македонија и не го бришеше нашето име, историја, традиција и култура, Заев со целокупната медиумска и невладина поддршка што ја има, ќе прифатеше да оди со само едно прашање, кое ќе беше јасно и недвосмислено, а ќе се однесуваше само на договорот од Нивици.

Заев и СДСМ не се залагаат за европска иднина на Македонија. Доколку тие се залагаа за европска Македонија ќе водеа борба против корупцијата, немаше да ја заробат државата и да ја укинат парламентарната демократија. Власта не може да сокрие својата неспособност со потпишување на капитулантски договори и затоа мора час поскоро да си замине. Само така Македонија ќе победи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен