ВМРО-ДПМНЕ: Македонија и нејзините граѓани ќе бидат вистински добитници кога Владата ќе ги реализира ветувањата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во врска со посетата на премиерот Зоран Заев на самитот во Трст.

„Македонија и нејзините граѓани ќе бидат вистински добитници кога владата на Зоран Заев ќе ги реализира ветувањата и ќе отпочне преговори за членство во ЕУ во наредните 3 до 6 месеци без притоа да се склучуваат договори на штета на македонскиот народ и држава и без да се задира во идентитетските прашања.

Македонија и нејзините граѓани ќе бидат вистински добитници кога СДС ќе ги исполни ветувањата за нови 500 км автопатишта и кога платата на докторите ќе биде 100.000 денари.
Граѓаните ќе бидат вистински добитници кога минималната плата ќе стане 16.000 денари, а просечната 30.000.

Самитот во Трст испрати позитивни пораки какви што беа испратени уште пред 3 години на берлинскиот процес кога за прв пат се говореше за економска помош од 1 милијарда евра за земјите од регионот.
Впрочем во таа насока Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ остави бројни проекти кои треба да се реализираат периодов. Токму Владата на СДС и Зоран Заев им преостанува обврската тие проекти кои се изготвени, а дел од нив и отпочнати, да ги финализираат за граѓаните на Македонија да имаат конкретна корист.

За вистински бенефит на Република Македонија и нејзините граѓани, Владата на Заев мора да вложи многу повеќе труд и вистински да се посвети на обврските наместо на гол популизам кој го гледаме досега претставен во бројните блокирања, укинувања и најави за уривање. Без работа и конкретна реализација, овој оптимизам на Заев ќе биде на штета на државата и интересите на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ