ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е една од најмалку задолжените земји

Од:

Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа. Нејзиниот долг е половина од државниот долг на скоро сите нејзини соседи, а да не ги споменуваме останатите европски земји чиј долг изнесува и над 100 проценти, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Зоран Јовановски.

„Тоа во своите извештаи го забележаа и кредитните агенции Fitch и Standard and Poors. Нискиот државен долг на Македонија го евидентираа и Светска Банка и Меѓународниот фонд. Сите релевантни финансиски институции ги потврдија стабилните економски политики на оваа Влада во едни исклучително тешки, турбулентни општи економски услови секаде во Европа“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Владата го намалила државниот долг за 25 проценти од задолжувањето што го оставила СДСМ.

„Социјалдемократскиот сојуз прави споредба на сегашната состојба на државен долг, кој изнесува 30,3 проценти од БДП со 2008-ма година, кога државниот долг изнесуваше 20,6 проценти. А зошто во 2008 година имавме државен долг 20,6 проценти? Затоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвреме ги исплати задолжувањата на претходната влада на СДСМ“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат дали Јовановски предлага политика на девалвација на денарот, наместо стабилни владини политики на задржување ниски даноци, редовна исплата на пензии и плати и исплата на субвенции.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито