ВМРО-ДПМНЕ: „Љубави“ дипломатијата на Пендаровски заврши со вето, но срамот остана

Од:

Стево Пендаровски ја срамеше Македонија во меѓународните односи. Со „љубави“ дипломатијата ја донесе државата до ова дереџе во кое што се наоѓа. Имено на меѓународен настан Пендаровски им пријде на српската премиерка и бугарскиот премиер со „љубави как си? Имаш поздрав од Зоки“. Да не е трагично за државата, би било комично. Ваков речник не приличи ни за муабет во маало, а не на мултилатерален настан, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не е ни чудо што во продолжението на видеото исто како и на неговиот мандат Пендаровски беше игнориран. Додека претседателите и премиерите се борат за своите земји, говорат за стратешки инвестиции, патишта и инфраструктура, Пендаровски стои настрана, ѕирка позади нечие рамо и мисли дека на тој начин некој ќе го забележи. Ете затоа Македонија во меѓународните односи бележи неуспеси. Со „љубави“ дипломатијата никој не те есапи сериозно. „Љубави“ на крајот заврши со вето, но остана срамот. Понизноста и несериозноста на Стево Пендаровски ја руши сликата за Македонија, а со тоа тој го погазува достоинството на функцијата, државата и народот. Затоа е време за промени – нагласуваат од партијта.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?