СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно и срамно го брани Тодоров

Од:

„Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници. Очигледно моралните вредности во раководството на ВМРО-ДПМНЕ одамна се загубени помеѓу тендерите и сомнителните зделки штом после сите инциденти во здравството нема кој да му каже на Тодоров дека треба веднаш да си замине.

Срамно е ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Пациентите, а од денес и лекарите, побараа оставка од Тодоров. Само ВМРО-ДПМНЕ лицемерно и срамно го брани.

Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ мислеше на лекарите, прво немаше да го дозволи овој хаос, целосно срушен здравствен систем, руинирани болници, починати родилки и бебиња, девалвирање на пациентите и лекарска професија, пукање врз лекарите по клиниките…

Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во 2013 година, во Македонија починале дури 229 доенчиња!

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а според достапните информации, на крајот на јуни 2015 година, долговите на клиниките изнесуваат неверојатни над 51 милион евра, а на Јавните здравствени установи над 70 милиони евра.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот.

Никола Тодоров мора веднаш да поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски