ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Андонов да ветува дека ќе им помага на стечајците

Од:

Премногу е лицемерно кандидат за градоначалник од СДСМ, каков што е Миле Андонов да ветува дека ќе соработува и оти ќе им помага на стечајците, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Токму стечајците, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се луѓето кои најмногу ја осетија болната транзиција на Бранко Црвенковски и СДСМ.

– Црвенковски и СДСМ им ги затворија сите фабрики и ги оставија луѓето на улица. Освен тоа додека СДСМ беше на власт ни со прст не мрдна за да излезе во пресрет на овие луѓе, кои до ден денес ги трпат последиците од транзицијата. Најмалку што треба да прават кандидатите на СДСМ, е да се повикуваат на стечајците и да им ветуваат празни зборови, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Миле Андонов.

Стечајците во Република Македонија, се додава во реакцијата, веќе еднаш осетија како е да ги лажат, но денес пак се соочуваат со нови лаги кои будат лоши спомени кај овие луѓе и овојпат сигурно нема да поминат.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември