ВМРО-ДПМНЕ: Лажна вест на СДС е дека Гази Баба е задолжена

Од:

Лажна вест на СДС е дека Општина Гази Баба е во долгови. Тоа само покажува дека СДС ја лаже јавноста само колку да се рече дека има некаква критика. А кога веќе зборуваат за развој добро е да одговорат зошто Владата на СДС и ДУИ ја закочија општинската обврзница. Оврзницата за брз развој на општината е всушност наменета за капитални проекти кои претходниот градоначалник на СДС Борче Георгиевски ниту ги планираше, ниту ги започна. Тоа значи дека СДС директно кочи градба на градинки, училишта, водоводи и канализации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наспроти неинвентивноста на СДС, во тешки услови на блокада и немање на поддршка од Централната власт, Општината Гази Баба и градоначалникот Стефковски реализираа или започнаа со реализација за само две години на нови 420 проекти за граѓаните. Изградена е нова мрежа на фекална канализација во должина од 21 километар. Нема населено место во општина Гази Баба кое нема питка вода за пиење. Асфалтирани се локални улици на површина од 29.000 метри квадратни. Изградени се 18 спортски терени на најсовремена тартан подлога во Ченто, Гоце Делчев, Автокоманда, Кирил Петрушевски, Керамидница, Колонија, Триангла, Идризово и други населени места. Изградени се 4 спортски терени на подлога од вештачка трева во Стајковци, Инџиково, Страчинци и Автокоманда. Поставени се 3 фитнес зони на отворено во Триангла, Керамидница и Колонија“.

Инвестирани се 43.000.000 денари во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. За само две години Бобан Стефковски за Гази Баба направи многу повеќе од 4 години претходна локална власт на СДС, и 7 години централна власт СДС-ДУИ. И сосема на крај, кога СДС говори за платите на функциинерите, тие се покачија преку одлука на Уставниот суд на Кацарска, и беа поздравени од централната власт на Ковачевски кој иако вети корекција, ја излажа јавноста.И само за споредба Ковачевски зема плата од над 2500 евра, а на пензионерите и студентите им дава по 1000 денари. Градоначалникот на СДС во Центар зема 1500 евра, а општината се дави во смет и кал – истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани