ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска на прес конференција на СДС ги читаше статусите на Стевчо ГРОМ, Николоски ниту е партнер ниту има било каков сопственички удел

Од:

Ја разбираме нервозата во СДС. Впрочем тие прават лажливи пресови и растураат пердуви затоа што се исплашени од јавното говорење и објавување на афери од страна на Николоски против бандата СДС-ДУИ, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен што се клептомани, СДС се и некрофили и лажговци. Клептомани се затоа што крадат и кога спијат. Некрофили се затоа што злоупотребуваат смрт и несреќен случај. А лажговци се затоа што Николоски ниту е партнер ниту има било каков сопственички удел во споменатата компанија.

Низ овој случај каде се води јасна хајка се потврди спрегата Стевчо Јакимовски-СДС. Денес впрочем СДС ги читаше статусите на Јакимовски на прес конференција. Бидејќи станува неподносливо лажењето на СДС доколку не се извинат за изнесените клевети и навреди кон Николоски ќе биде поднесена тужба за клевета. Тоа нема да го поколеба ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Николоски да останеме најревносните борци против криминалот на СДС и ДУИ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми