ВМРО-ДПМНЕ: Крајно време е Сугарески да ги засука ракавите и да се фати за работа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерот Горан Сугарски.

„Крајно време е Горан Сугарески и владата на СДСМ да престане да се кити со туѓи перја, и проекти започнати и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој наместо средби со градоначалници и пресови на кои промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги засука ракавите и да се фати за работа.

Бруто домашниот производ во првиот квартал од 2018 има катастрофален раст од 0.1 проценти, а за 2017 година растот на БДП изнесуваше 0 проценти. Најголема причина за падот на бруто домашниот производ е падот од 37 проценти во градежништвото, а особено падот во нискоградбата, во која спаѓа изградбата на автопати, патишта регионални и локални патишта. Ова е најдобриот показател дека Сугарески не работи ништо и е еден од клучните виновници за ваквиот поразителен економски резултат.

Дополнителен показател за неработењето на Сугаревски е и катастрофалната реализација на капиталните инвестиции кои за првиот квартал за 2018 година изнесуваат очајни 10.9 проценти.

Сугарески и Заев ветуваа 500 километри автопат, а Заев во повеќе наврати изјави дека во моментот во Македонија се градат 800 километри патна мрежа. Каде се 500 километри автопат кои беа ветени во предизборната програма на СДСМ? Каде се градат 800 километри патишта за кои говори Заев? Бројките покажуваат нешто сосема поинаку, а Зоран Заев повторно лаже.

На Македонија и се потребни нови инфраструктурни проекти, и пред се реализација на постојните, а не продавачи на ветер и магла како Горан Сугарески“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место