ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски треба да знае дека светски феномен е и партија која има 13 пратеници да добие премиерско место но се случи и тоа

Од:

Ковачевски повторно пробува да глуми дека ништо не знае, додека истовремено, секој ден се повеќе се интензивираат притисоците врз Таравари, а вчера беа сменети и двајца директори на оваа партија. Не знае ни за физичкото насилство врз членовите на Алијанса за Албанците, не знае ни за куршумот во домот на Таравари, а денеска не ја знаел ни причината за смената на двајцата директори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски 2 години помина во незнаење и ништо, преќутување на криминалните бизниси на ДУИ и освен што стана привезок на ДУИ, со друго нема што да се пофали.
Светски феномен е и партија која има 13 пратеници, да добие премиерско место, но ете се случи и тоа. Се поголем е стравот од пораз на СДС и ДУИ, како се ближат изборите, каде граѓаните ќе ги пратат во историјата но и пред лицето на правдата – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ