ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја продаде СДС, за ден повеќе да им слугува на ДУИ и дезертерот Талат Џафери да стане премиер

Од:

Ковачевски, освен македонскиот народ, ги понижи и пратениците на СДС, кои гласаа за командант Форина, да стане премиер на Македонија. Ковачевски ја предаде власта, за да остане барем со уште неколку министри во владата, која ја имаше под своја контрола ДУИ, преку која успеа, да приграби милиони евра, пари на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– До сега Македонија, немала ваков неважен лик во својата влада како Ковачевски, кој дури успеа и коридорите, кои треба да се градат, а се под Министерство за транспорт и врски, да му ги преземе Артан Груби, кој се само назначи за координатор на истите. Истиот тој, инсталиран лидер на СДС, одмолчуваше за сите можни криминали на ДУИ, кои се случија, од купувањето на имоти на роднини на Груби и Ахмети, во строгиот центар на Скопје, до насилничкиот упад во М-НАВ, на неговите газди. Граѓаните и членовите на СДС, ќе го паметат како најнеспособниот премиер на Република Македонија, човекот кој немаше глас и кој на ДУИ им ја поклони државата. Одговорот ќе пристигне од страна на граѓаните за неколку месеци, а потоа следува одговорност и чесен начин на водење на Македонија. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ