ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски не ги обелоденуваат финансиерите на бугарските клубови, а со тоа директно работат за нив

Од:

Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив. Пендаровски не може да премолчи изјава која ја даде по Совет за безбедност. Тој излезе и како заклучок кажа дека агентурни мрежи стојат зад говорот на омраз и за антимакедонското расположение кое се креира. Пендаровски да каже кој ги мотивира и создава негациите кон Македонија, јазикот, историјата и нацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Пендаровски и Ковачевски имаат обврска да ги заштити граѓаните и во најкраток временски рок да информираат за се што знаат, а е на штета на државата во однос на односите со Бугарија.

„Истовремено со месеци институциите не преземаат активности за говорот на омраза и дозволуваат негации на нацијата и историјата. Власта преку финансиските институции треба да го утврди и потеклото на парите од кои се финансирани бугарските клубови. Ковачевски и Пендаровски да не глумат коментатори и да преземат активности кои со закон се должни, а со цел да спречат негации на државата, нацијата и јазикот“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми