ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски голта кнедли само заради коалициски интереси

Од:

Очигледно за Ковачевски и СДС коалициските интереси се поважни од погазувањето на законите. Скандалот кој излезе за положениот правосуден испит на синот на спикерот Талат Џафери покажа дека институциите во Македонија се заложници на партиските интереси на СДС и ДУИ. Да имаше правна држава уште првиот ден ќе се спроведеше истрага и ќе беа казнети прекршителите на законот,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, а институциите со денови молчат и се прават ненадлежни. Ова е директно кршење на нормите и законите во Македонија, а да биде поапсурдно на тој начин лицето се запишал и на Академијата за судии и обвинители. Со неправо влегол во правосудниот ситем и ќе дели правда?!

Скандалот излезе во јавноста и власта молчи. Прават се да го забошотат случајот. Ова е владеењето на правото и правната држава по урнекот на Ковачевски и СДС. Ова се европските стандарди со кои им е полна устата на владините функционери. Власта на Ковачевски ќе биде казнета од народот и за овој скандал, како и за низата други во кои е длабоко заглавена. СДС се свесни за тоа, па сега голтаат кнедли, само и само да се задржат уште некој месец повеќена функција да украдат уште некој милион. Одговорност мора да има, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он