ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ги потценува граѓаните и при очи ги прави слепи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Костадинов денес повторно ги потцени граѓаните и при очи ги прави слепи. Подобар живот видоа само партиските вработени како неговата мајка која се вработи во Централниот регистар и која ќе добива плата од народните пари, додека тој ги манипулира граѓаните.

Фактите говорат спротивно. Владата која ја води Зоран Заев, аболициран криминалец, ја крахира економијата. Ја покачи акцизата за горивата и создаде спирала на инфлација и поскапување која секој ден ги осиромашува народот и стопанството и го намалува животниот стандард.

Секој ден гледаме дека задолжувањето драматично се зголемува, јавниот и државниот долг рушат психолошки бариери и рекорди, а огромните милиони никаде ги нема. Нема капитални инвестиции, нема училишта, патишта, болници, детски градинки, нема зелена нафта, нема 100 илјади денари плата за докторите, нема 500 евра просечна плата, нема поврат на ДДВ, даноците дополнително ќе растат, нема зелена нафта, земјоделието тоне, здравството ни е болно, воздухот е енормно загаден.

Единствено што гледаме од оваа влада е водење на ВИЦЕкономија во која криминалниот картел се богати, се делат тендери, концесии, грантови на семејни и партиски фирми, каде по принципот евро за вицето-евро за црквата се одлеваат народните пари од буџетот.

Костадинов уште три пати да ја одржи прес конференцијата не може да ги излаже граѓаните. Сметката за неговите манипулации ќе ја добијат од граѓаните и колку побрзо се случи заминувањето на оваа неспособна власт толку подобро за народот“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите