ВМРО-ДПМНЕ: Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации и да ја труе јавноста со лаги, синот на Иванов и сопругата на Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО

Од:

СДСМ тотално забегале. Кој вака ја излизга Богданка Кузеска да држи прес конференција и да шири лажни вести. Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации. Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат. Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести. Филипче, Кузеска и останатите фотелјаши функционери ја донесоа партијата СДСМ пред целосен колапс. Лошиот пиар на Венко Филипче ќе ја доуништи и така веќе уништената и поразена СДСМ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?