ВМРО-ДПМНЕ: Кој е вистинскиот убиец на Јанушев? Кој му овозможи да избега и како ја напушти државата?

Од:

„15 дена убиецот кој ладнокрвно го ликвидираше младиот Мартин Јанушев е на слобода. Никој не знае ниту каде се наоѓа, ниту кој му помогнал да избега. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисоките врвови на власта. Така е затоа што криминалците се ослободуваа и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не смеат да ги гонат. Затоа може некој да убие момче на улица и 15 дена да биде недостапен за полицијата.

На Оливер Спасовски му требаа две недели да излезе со некакво име за наводниот сторителот на ладнокрвното убиство и да ја убедува јавноста дека токму за него имал „несоборливи докази“. Оливер Спасовски нема несоборливи докази, туку си ја има само мувата на капата затоа што убиецот и сите негови помагачи се шетаат слободно и ја поминаа границата благодарение на помошта што им беше дадена, а целата јавност во рок од половина час знаеше кој е сторител.

Останува неодговорено кој е вистинскиот убиец? Кој му овозможи да избега и како ја напушти државата.

Цела јавност говореше дека МВР купува време за да смисли конструкција и да ги покрива криминалците кои соработуваа со нив. Затоа никој не е приведен. Затоа нема одговорност ниту од оние кои ослободувале затвореници, доколку затвореник навистина бил инволвиран во егзекуцијата на каков било начин.

Уште колку млади момчиња треба да бидат убиени и уште колку убијци треба да се шетаат на слобода за Оливер Спасовски да си даде оставка?“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ