ВМРО-ДПМНЕ: Кои се двајцата функционери осомничени за корупција и зошто не се презема ништо против нив?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Михајло Маневски.

„Во време на владеење на СДСМ, Македонија тонеше на дното на листата на Транспаренси интернешенал држејќи го срамното 106-то место. Корумпираната влада на СДСМ, повторно ја враќа Македонија во друштво на државите каде не владее правото.

СДСМ должи одговори на јавноста кои се двата функционери што биле осомничени за корупција и зошто против нив не се презема ништо, односно се кријат и се штитат послушниците на Заев?

Граѓаните очекуваат одговор зошто толку долго време се одложува случајот поткуп против Зоран Заев?

Граѓаните очекуваат одговор зошто нема никаква реакција од органите на прогонот за скандалот со Цареви кули?

Граѓаните очекуваат одговор колку милиони евра ќе инкасира вицепремиерот Кочо Анѓушев од грчкото електростопанство? Дали парите што ќе ги исплатат грците се само за фирмата на Анѓушев или преку нив ќе се исплатат и некакви бонуси за други прашања кои им се во интерес ?

Владеењето на СДСМ е врзано со корупција, а Македонија назадува токму заради селективната правда и злоупотребите на институциите кои се политички блокирани“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ