ВМРО-ДПМНЕ: Кога лицемерието би имало второ име тоа би било Апасиев, вчера неговите советници гласаа перење пари за ЈСП, денес Апасиев глуми против

Од:

Кога лицемерието би имало второ име тоа би било Апасиев, вчера неговите советници гласаа перење пари за ЈСП, денес Апасиев глуми против. Во изминативе месеци Советот на Град Скопје даде субвенции 1.250.000.000 денари за да се исплатат плати, и повторно нема за плати. Каде се парите? Советот вчера изгласа 700.000.000 денари нови субвенции за ЈСП, и тоа ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа, затоа што веќе се изгласани 1.250.000.000 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Арсовска и Левица се одговорни затоа што работниците во ЈСП не можат да земат пари, наместо да бараат пари од Советот треба да побараат пари од Владата која му должи на ЈСП. За крај ајде нека се одлучи Димче Апасиев дали требало да се гласаат субвенции за ЈСП или не, зошто вчера неговите советници гласаа, затоа што тој така побара, за денес да тврди дека директорите перат пари.

Дали Апасиев мисли дека народот не памти што било вчера, па мисли дека денес ќе ги лаже скопјани. Апасиев да каже зошто неговите советници во град Скопје гласаа субвенции, иако веќе во ноември се изгласаа, тоа што вчера по втор пат се изгласа субвенции. Апасиев треба да каже како неговите советниците вчера го сервисираа директорот на ЈСП за да пере пари како што самиот тврди. Апасиев да се одлучи кој е неговиот став или го крши ставот за неполни 24 часа – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии