ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме претставка до Антикорупциска, јавноста очекува одговор на прашањето зошто Филипче криел имот

Од:

Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите. Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година. Што пријавил Венко Филипче како министер за здравство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година. Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година. Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Што пријавил Венко Филипче избран за пратеник на изборите во мај 2024 година? Прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал. Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година – не се пријавени кога бил министер, а ги имал. Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба – не е пријавен кога бил министер, а го имал. Кога Венко Филипче молчи, ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесеме копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година. Од анкетни листови се гледа дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Институциите треба да постапуваат, а постапката треба да биде навремена и транспарентна“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми