ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт има мафијашки, а не европски вредности

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„СДСМ е партија предводена од аболициран криминалец кој никако да се соочи со правдата. Впрочем цела јавност виде како бара едно евро за црквата едно евро за Вицето. Сите видоа, освен правосудните органи. Истите тие правосудни органи кои при очи се прават слепи а при уши глуви од друга страна под диктат на одродената и криминогена власт на СДСМ и Заев вршат прогон во политички конструирани случаи.

Ова се вредности на криминалниот картел на власт. Тоа се мафијашки, а не европски вредности. Криминалот, корупцијата, лагите и манипулациите се карактеристика на СДСМ. Костадинов криминалот треба да го бара во своите редови. Впрочем за кредибилитетот на портпаролот на Костадинов говори и фактот што тој наместо да работи за доброто на граѓаните целата енергија ја троши на манипулации, се разбира кога не троши време да го правда вработувањето на неговата мајка Централен регистар“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ