ВМРО-ДПМНЕ: Каков компромис со Грција?

Од:

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на интервјуто на Радмила Шеќеринска за Радио Слободна Европа во врска со решавањето на проблемот со името.

„Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа. Сега вели дека СДСМ е спремна на компромисно решение, но повторно не кажува какво би било тоа решение, со каков опфат, каква содржина и какви последици за РМ и македонскиот народ. Таа во своите изјави користи воопштени ставови и изрази без никаква прецизна содржина“, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Партијата бара одговор каков компромис би прифатила за спорот со Грција.

„Знаејќи ги ултимативните и бескомпромисни позиции на соседна Грција, која никако не отстапува од своите црвени линии, ние повторно ја прашуваме Шеќеринска каков е тој компромис кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија“ , се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ