ВМРО-ДПМНЕ: Како Поповски ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешното соопштение на министерот Робер Поповски.

„Протоколарните заложби за слободни медиуми на владата и Роберт Поповски се лажни. Медиумите и газдите на медиумите се уценети и притиснати од полициската алатка на СДС, СЈО, што придонесува за целосен медиумски мрак и пристрасно известување.

Го прашуваме министерот за пропаганда на владејачката партија СДС, платен со парите на граѓаните Роберт Поповски: како ја подобри слободата на медиумите и каде го гледа напредокот?

Вработи над 40 луѓе во владата за да го подобри информирањето, но освен што тие ја чинат државата илјадници евра транспарентноста на владата не е подобрена и зошто се уште се одбегнуваат одговори на вистинските прашања кои ги бара јавноста поврзани со трошењето на јавните пари и давањето на тендери во 4 очи како што беше тоа случајот со вицепремиерот Анѓушев?

Има ли подобар пример за рушење на независноста на новинарството од самиот Роберт Поповски кој од првото место во ЗНМ, се најде за одговорен на партискиот прес центар на СДС, за да седне во министерската фотелја“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ