ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски се фали со реконструкција на училишта, а тоа му е должност

Од:

Стевчо Јакимовски се фали со нешто што му е законска обврска, реагира ВМРО-ДПМНЕ по повод обвинувањето на Јакимовски дека Општина Карпош наместо во споменици инвестира во образование, наведувајќи го како пример реконструирањето на шест основни училишта на територијата на оваа локална власт.

„Има три работи кои заборава да ги каже: Прво, средствата кој што сега располагаат сите општини во земјава, па и општина Карпош се далеку поголеми благодарение на низа реформи спроведени од Владата. Како оние со отстапувањето на градежното земјиште на општините, мерката 80 отсто од приходите обезбедени од продажба на градежно земјиште да завршат во буџетите на општините, големите блок трансакции и огромната поддршка која што ја дава Владата. Второ, Јакимовски повторно избегна да каже дека во изминатите неколку години има потрошено огромни средства од буџетот на општината за сомнителни невладени организации, пари за невладини организаци во сопственост на блиски роднини и пријатели на функционери од СДСМ, на организации во сопственост на негови соработници. Заборава да каже за општинските пари потрошени на чудни и прескапи еднодневни обуки и организирање на кароке забави, пари за кои граѓаните на Карпош незнаат и немаат контрола каде завршуваат. Трето, тој и понатаму избегнува да каже колку тој ја задолжи Општината. Стевчо Јакимовски наместо да се гордее, треба да се засрами што ја изневери довербата на граѓаните на Карпош“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски