ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за поделба на Австралиско-новозеландската Епархија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ како партија со демохристијанска провиниенција, која ги промовира и негува христијанските вредности во македонското општество, дава поддршка на иницијативата за поделба на Австралиско-новозеландската Епархија на два рамноправни дела и тоа: првата, МПЦ Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) со која управува Митрополитот г. Петар и втората, МПЦ Епархија за Канбера, Австралија и Тасманија (МПЦЕКАТ) во надлежност на Синодот на МПЦ.

Очекуваме овие две Епархии на австралискиот континент да дејствуваат како две независни, но фукционални Епархии во состав на МПЦ, кои токму заради фактот што споделуваат исти духовни  вредности, треба меѓусебно да соработуваат, а при тоа секоја  да го сочува својот интегритет без да навлегува во ингеренциите на другата Епархија.

Истовремено ја поздравуваме и одлуката на Синодот со која предложените 11 црковни општини со 12 цркви т.е парохии, се прифаќаат и се ставаат под директна надлежност на Синодот. Изразуваме надеж дека понатамошните разговори ќе резултираат со трајно решение и прифаќање на јуриздикцијата на МПЦ.

Цениме дека со оваа одлука за поделба на Австралиско-новозеландската Епархија, донесена и поддржана од Епархиското Собрание на МПЦЕАНЗ одржано на 24 август 2012 год, во Мелбурн, започна процесот на конструктивно црковно-канонско решавање на црковниот спор меѓу Македонците во Австралија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ