ВМРО-ДПМНЕ ја нападна Канал 5: Ферид Мухиќ не е независен експерт

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагира на прилог на Канал 5.

„Вечерва видовме како Канал 5 се обиде на Денот на Независноста пратеникот на СДС да и го продаде на јавноста како независен експерт.

Ферид Мухиќ не е, и веќе никогаш нема да биде независен експерт или човек кој може да даде релевантно и непристрасно мислење за политички прашања.

Не само што тој стана пратеник на СДС, туку и активно учествуваше во незаконското, противделовничко и неуставно, мафијашко и дивјачко бирање на претседател на Собрание на Република Македонија. Неговите раце еднаш засекогаш се извалкани со грубо кршење на демократијата и слободата на македонските граѓани.

Не навлегувајќи во неговите стручни квалитети, Ферид Мухиќ ќе остане запишан во историјата и меморијата на граѓаните како политички демагог, инструмент во туѓи раце, човек без интегритет и рушител на демократскиот поредок на Република Македонија.

Тој во настапи на Канал 5 се обиде да ја релативизира предавничката и криминална улога на раководството на СДС. Исто како што и Канал 5 преку таргетирана анкета на граѓани со која однапред имале план да изнајдат соодветни лица кои мислат согласно нивниот планиран прилог и стратегија, да покажат дека граѓаните се еднакво незадоволни од сите политичари, се обиде да ја релативизира негативната и злосторничка улога на раководството на СДС“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ