ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за забраната за влез на македонски граѓани во Грција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост за појавата на запирање и забрана за влез на македонски граѓани на граничните премини со Република Грција.

– Сметаме дека ваквата неприродна пракса не оди во прилог на заедничките заложби на двете земји за развој и унапредување на добрососедските односи и зајакнување на меѓусебната доверба, стои во денешното соопштение од ВМРО – ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ претставува приоритет, во европски дух и заеднички, да се решаваат сите отворени прашања кои ги оптоваруваат односите на двете држави и заеднички да останеме фокусирани, се подвлекува во соопштението, во напорите за изнаоѓање решение на единствената пречка која стои на патот на европската и евроатланска интеграција на нашата земја, а тоа е надминување на разликите за спорот на името на Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неопходно Република Македонија и Република Грција заеднички да продолжат да даваат позитивен импулс за проток на идеи, луѓе и бизниси, а во насока на градење на позитивна атмосфера во двете земји, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ