ВМРО-ДПМНЕ: Изминатите 10-тина години зад Трајановски стојат видливи дела

Од:

Комплетно осветлување, реновирање на повеќе дуќани за стари занаети и отворениот Музеј на стари занаети се само дел од мерките на Град Скопје за ревитализација и заживување на Старата скопска чаршија.

Ова се наведува во денешната рекација на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Сојуз за иднината“ Јани Макрадули.

Во Старата скопска чаршија, како што е посочено, се одржуваат бројни манифестации кои драстично ја зголемуваат нејзината посетеност и им овозможуваат на граѓаните голем број на забавни, културни, музички и многи други содржини.

Сите овие проекти и содржини, денеска Старта скопска чаршија ја вратија на листата на најпосетени места во Град Скопје, како од домашните така и од странските туристи. Во минатите 10-тина години зад Коце Трајановски стојат реални и видливи дела, за жал, зад Јани Макрадули стојат само празни зборови, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија