ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Црвенковски е лага

Од:

„Изјавата на Црвенковски дека Груевски прифатил предлог Република Македонија (Скопје) е ЛАГА. Го повикуваме Бранко Црвенковски да најде макар една реченица со која што Груевски кажува дека го прифатил овој предлог за име на државата, а не посочил дека овој предлог е спремен да биде ставен на референдум за граѓаните да се изјаснат по него. Дури тогаш, ако најде Црвенковски ваква изјава на Груевски, а ние знаеме дека нема да ја најде, бидејќи таква изјава не постои ќе можеме да зборуваме за тоа кој има право да говори за вистината, а тоа секако не е Црвенковски. Како продолжил Бранко Црвенковски очекуваме во иднина да го обвини Груевски дека тој го сменил името во БЈРМ, а не самиот Црвенковски и неговата СДСМ“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Бранко Црвенковски во Струмица дека Груевски прифати име Република Македонија (Скопје).

„Бранко Црвенковски денес требаше да се појави пред фирмите кои се затворија во Струмица во време додека тој беше премиер, фирмите како Иднина, Агро Промет, Политекст, Струмичанка, Југо Промет. Е пред овие фирми требаше да ги повика луѓето да кренат глас, да се вратат во минатото, за тој повторно да се врати на власт“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис