ВМРО-ДПМНЕ избира нов претседател

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на вонреден Конгрес во Валандово ќе избира нов претседател на партијата. Единствен кандидат за претседател на партијата на Конгресот е Христијан Мицкоски.

Конгресот започна вчера, а од 544 делегати, присуствуваа 411, со што исполнета е обврската од членот 18 од статутот на партијата, според кој може конгресот да работи, односно да се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати или најмалку 363 делегати.

Синоќа од Валандово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски порача дека важно е да се насочат кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа, како што рече, е рушење од власт на СДСМ.

– Треба да имаме мирен и транспарентен конгрес, треба да се донесат мудри и рационални одлуки, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?