ВМРО-ДПМНЕ: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а пари се трошеле за ангажирање луѓе со договор на дело без согласност од МФ

Од:

СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси.По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии обвини на прес конференција Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки. Имено, повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии, што е спротивно на членот 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата а анагажирало лица без предходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години. Во истовреме клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка. Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не се спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договори склучени во тековната година се веќе исцрпени, рече Марков.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник