ВМРО-ДПМНЕ: Интерпелација за претседателката на Советот на Град Скопје Јанчева

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и навредите упатени од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Тие не само што се израз на ниско ниво на култура, туку го отсликуваат менталниот склоп на власта, каде преку навреди, омаловажувања сакаат да ја замолкнат опозицијата и различното мислење.
Петре Шилегов не е подготвен да дебатира со факти и аргументи, и затоа пристапува кон вакво недолично однесување.

Реалноста е дека Шилегов нема проекти и не работи, не ги решава проблемите на скопјани и преку вакво однесување тој ја дефокусира јавноста од она што се реални потреби на градот Скопје.

Ако денес јавноста не ги слушнеше навредите на Петре Шилегов во фокусот на јавноста ќе беше фактот што тој воведува нова давачка за граѓаните- наплата на паркинг место за мотори, дека нема план за изградба на ново средно училиште во Аеродром кое го ветуваше, дека нема да се почне со градба на престојувалиште за бездомници, дека нема да има наплата на оштета на граѓаните кои беа оштетени од неодамнешното невреме, дека граѓаните на Шуто Оризари ќе останат без функционална атмосферска канализација, граѓаните на Гази Баба нема да добијат проширен булевар Александар Македонски, и дека целосно е заглавена монографијата за град Скопје. Вистинското лице на Петре Шилегов е она кое не е способно да ги решава проблемите на граѓаните.

Сето ова недозволиво и приземно однесување на Шилегов кое е израз на недостаток на демократски капацитет е одобрено од претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева која дозволува кршење на процедурите и одобрува самоволие.

Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе покрене и интерпелација до претседавачот на советот на град Скопје поради несовено работење и кршење на деловникот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад